kalimah.top
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

s.a.m. (nikola trpeski) – nema mesto kako doma كلمات اغاني

Loading...

нема поезија без болка велат
нити љубов без убод од стрела
ни радост без плач, ни патишта што не се делат
ама луѓето што немаат душа се само тела

евтини девојки, нудат срце за багатела
нозе широко отворени, редовна клиентела
стариот занает во нова форма
нова младина на нова дрога, проба на роба ко норма

паранормално се, не е нормално , не !
порано ко поарно, денес се формално е
колите кружат а призорот е бизарен
додека нижам низи на бит, решавам проблем бинарен

стар ко чинар е , па чиви чизми чекорат чистејќи чума ?
што ги тера и тие во публиката да глумат ?
чудни чуда кои чудо чудат
овде би побеснел и буда, би го предале и јуда

кој сум јас за да им судам, никој, лудак
што мисли ќе промени нешто пред да добие кундак
и пред да бидам убиен за вистина штом спомнам
дека нема никаде место како дома

што ли знаат златните лажици за сиромавиот ?
мудроста на стариот, за лудоста на младиот ?
никој имун на злостор но е нем слепец, али ете
се е на допир занимливо кога си дете
идолот им е најхрабриот, најстариот
што веќе има испланирано сценарио
најтивкиот не ќе се уклопи без да прифати
дека мора местото да си го задржи и исплати

али би, они би биле со измислено алиби
биле кај што не са, а не са ни свесни дали би
спремаа нови деца, нови бандити ко пандан
за нив да крада и да ги фата, ги гледам со големо око ко канда

тетово ко уганда, сликата премногу гадна
син на џандар е вандал со своја банда
а ги чекам да падна ко тикет или влада
да го јада ку–т , пошто од младоста своја си крада

да да ! карма работи ко шамар од началник
смрди на лошо ко сваки градоначалник
тетово, кој ли те кружи околу знаеш ли ?
господине полицаец, дали за ова траеш ти ?

ве нема ко биста на ципоски тодор
чекајќи промена, го изгубивмо родот и го угостивмо годо
џабе вистина е силна догма
али нема никаде место како дома

па кој ми ѕирка низ прозор ?
ехо на телефонот, на тв платен политички спонзор
обично не сум параноичен
али што к-р би сакале они од чуек обичен?

а свегде туѓа сенка, која следи твој чекор
знае к’ј ќе идеш, слуша, знае што си рекол
знае од к’ј доаѓаш и што праеш у секој
момент на твојот здив дава прекор

вековен опој за маса, тековен злостор што каса
тетово tabula rasa, немамо ни есап
гледамо како ни тоне, немамо ни добар спомен
а сакамо еден д’н овде да расна деца, наши деца !

нова младина, нови борци на нова ера
место иднина остаамо лошо вчера
уште се прашуемо што не тера
да се праемо будали дури на други памет пера

а не не пере пења а паре пера покрај неа
добро ти рекле, да траеш ако ги гледаш
замижи пред дела и да ги разбираш ко да се гнома
врати се на секојдневието што го викаш дома. тетово !

كلمات أغنية عشوائية

اهم الاغاني لهذا الاسبوع

Loading...