kalimah.top
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

lirikoven piroman – povekje od rap كلمات اغاني

Loading...

се сеќавам на стартот секој момент пишан јасно
преку спомен дишам гласно што би било мислам ако
одев пешки ист е патот, не би останал последен
па иднината пред мене јас ја оставам зад себе
не ме држи овде место, се` што снимав беше малце
патот прав го одев често, ама бирав грешен правец
среќен бев на кренат палец, во себе јас гледам талент
џабе земав залет касно сфатив дека нема каде
пробав рима јас да ставам да ја преточам на бит
мисла минува во глава пред да претопам во стих
кодот пројде враќа нула – кревам прашина во рап
умот импулс праќа, удар, станав машина на такт
па се прашав дали губам разум или немам рима
тема имам – живот грешки треба ли да дебагирам?
сега снимам, терам инат, полусвесен гледам изнад
пред да здивам рецитирам гласно да се релаксирам
предозиран, од ова ипак доза зимам пак
музика во позадина снимам ко за инат рап
пробав да се дистанцирам, лесен исход исто бирам
чим ќе чујам инстант ритам рефлексивно мислам рима
треба да ја пишам знам, па ја склопувам во текст
некад празно дисам сам – панч да попунам во verse
трудот секад го дуплирам, често бараме нов начин
колку и да се глупирам сепак срањево ми значи
====================================
не е живот,фраза,мода не е само ритам,такт
ова е повеќе од музика и повеќе од рап
ова е мисла,хоби,стих можеби е само начин
ова можда не е ништо сепак на мене ми значи (х2)
====================================
губам разум пари љубов често, тонам повторно
пристигам во грешно време – местото на злосторот
изгубен во просторот со погледот низ прозорот
глува публика пред мене нем го држам говорот
пред да брзам подобро да погледнам низ нишанот
буква воздух дишам од се` што имам пишано
па не знам кој е писарот – текстот барам бесмислен
кој ја пишувал судбината гарант е неписмен
во песните, ќе пишам пари кучки – темите
лошо е, но добро звучи признај дека смешни сме
генијалност и сарказам, а пак другите позади
знај се фураме за инает на глупите простаци
велат правам сложен рап, слог на секој можен такт
па им ставам стоп пред нив чим кажат “дај ми боже знак”
процесирам мисли пак – дело искрено од мене
сите глумат невини, а велат системот ги ебе
глупо е да мешам теми ама снимам ваква трака
не за ти да ми ја слушаш туку дека така сакам
искрено би ценел глас, ама земам пред да вратат
порака би пренел јас, но пола нема да ја сфатат
можда имам чуден стил – презентирам дупло скил
глумам лудило понекад велат влезен сум во филм
но за разлика од тебе мојот сам си го режирам
листов има маса грам ама тон и пол тежина
==================================
не е живот,фраза,мода не е само ритам,такт
ова е повеќе од музика и повеќе од рап
ова е мисла,хоби,стих можеби е само начин
ова можда не е ништо сепак на мене ми значи (х2)===============================

كلمات أغنية عشوائية

اهم الاغاني لهذا الاسبوع

Loading...