kalimah.top
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

tasko - listot lyrics

[текст за песната „listot“]

[строфа]
здраво, таско, одамна не си праел муабет со мене
кажи, како стојат стварите и како ти е денес
се затвараш у себе, гледам дека сѐ ти смета
главата е пуна: „гледај како ти се смеат“
секој кажува по нешто, а ти се зимаш за срце
не си лош човек, ама некој сака да прснеш
од бес, од стрес, од сѐ што е у тебе
од сите работи кои ти прават да се сјебеш
алкохолот не е излез, добро гледаш и сам
ти си роден за ова (е, добро де, знам)
некој би платил со кеш за да биде како ти
а ти се враќаш назад, чекори каде веќе си бил
не си лоша душа, сакаш само да помогнеш и слушаш
али срањата што ги помина денеска те гушат
и влечат да паднеш, само надоле у гомна
џабе пишуваш ко сократ, џабе бараш да те спомнат
сѐ е борба, а гледам дека веќе дигаш раце
успори малце и собери се, братче
демоните се тука, никад нема да си идат
(знам дека нема, ама морам да ги смирам!)
полека, успори, земи здив
се бориш со сите, знам ја добро, ти не си крив
иако е таква сликата, се поправа
гледај, уште пловиш, иако околу е пополава
за нив си тој што сакаат да го допрат
од твоето да вкусат и тебе да те сопнат
да паднеш у стапица нивна, да бидеш плен
да бидеш нивна алка, да бидеш ти ко нив у сѐ
зошто си бил различен и си им давал правец
а сега сакаат да си нивни, ама нивни мамец
твојот чамец е дупнат, ама некако ти вози
тоа многу ги нервира и многу ги троши
(ама не се карав со никој, сакав да бидеме исто)
не можеш да рамњаш смртник со христос
и он беше добар, па го ставија на крст
го распнаа на страни, стави на главата прст
се распаѓаш сам, гледам дека немаш план
поставуваш цели кои лесно би ги достигнал
не си гладен, те гледам, веќе не ти се јаде
само слабееш полека, чекаш свеќата да згасне
(ќе им покажам!)
прво покажи на себе, не си слаб, ја те знам
дека чекаш долго време
ова ти е знак за да бидеш пак број еден
прво „среди по дома“, па покажи кој е вреден
(ама сум сам)
и тоа е знак, луѓето ќе земаат делови од тебе
да те распаднат, затоа не давај многу
од што даваше сѐ од себе, на крајот испадна погруб
гледаш, стварите се мењаат
у тебе има оган, ама они не го гледаат
не си константен, бараш секогаш изговор сам
изговор на кукавиците е „не можам!“
кај е тој таско што викаше: „не постои не?!“
кај е тој таско што викаше: „дека ќе зима сѐ?“
кај е тој таско што викаше: „дека е ѕвер?!“
кај е тој таско што беше искрен пред сѐ?!
(го изгубив)
затоа ја ќе ти го вратам
ме избегнуваш долго, бараш други да те сфатат
а со мене си у лошо, кога е добро, те нема
мило ми е што се врати, мило ми е што те гледам
ај, полека, ќе станеме пак, таков е овој пат
го помина еднаш и знам колку си јак
не ме заборавај никад, со мене ништо не е исто
кога и да ти требам, тука сум
твојот другар — листот

Random Lyrics

Hot Lyrics

Loading...